Грчки Jumbo се прошири и на романскиот пазар

43

jumbo bukurestГрчкиот ланец на продавници за детски играчки Jumbo влезе на романскиот пазар. На крајот на октомври е отворена првата продавница во Темишвар, а минатата недела беше отворена продавница и во Букурешт, на површина од 14.500 метри квадратни. Според планот за проширување, до 2016 година во Романија треба да се отвори мрежа од 12 до 18 продавници.

Jumbo има 63 продавници во неколку земји, најмногу во Грција (52), Кипар, Бугарија, Албанија и Македонија.

Грчката компанијата во финансиската 2012/13 за прв пат оствари продажба над 500 милиони евра, за разлика од претходната финансиска година, кога оствари 494 милиони евра. Сепак, нето добивката е намалена за скоро 24% на годишно ниво, на нешто под 74 милиони евра, поради повисокиот данок во Грција. За фискалната 2013/14 очекува раст на продажбата меѓу 2% и 4% и нето добивка помеѓу 70 и 75 милиони евра.