Грчки острови на продажба, еве колку е најевтиниот

182

Неколку мали острови во Егејското Море се огласени за продажба преку грчките сајтови за недвижнини. Овие острови припаѓаат на групата острови на Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонисија и Сирос.

Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 милион квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра. Намалена е цената на продажба на еден од островите од седум на 4,9 милиони евра. Некои немаат плажи, но новиот сопственик има можност да ги направи во одредени делови на островот, се вели во огласот.

Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари. Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра, пренесува Blic.