Грчки старт – ап продаден за 360 милиони долари

236

Грчкиот старт – ап InstaShop, компанија којашто врши достава на намирници, што работи на Блискиот исток и во Северна Африка, го купи германската компанија за достава Delivery Hero, преку рекорден договор од 360 милиони долари, пренесува Greek Reporter.

Во тој износ од 360 милиони долари, 270 милиони се однесуваат на проценка на вредноста на компанијата, а останатите 90 милиони долари се предвидени за инвестиции коишто треба да го прошират работењето на стартапот.

Ова, како што се наведува, е најголемиот износ што некогаш бил исплатен за грчки старт – ап.

Во услови на пандемија, апликациите за достава на храна и намирници забележаа огромен раст, бидејќи голем број луѓе ги избегнуваат гужвите во маркетите и затоа порачуваа онлајн и компании вршат достава до нивната врата.

InstaShop, чие моментално седиште во Дубаи, работи во повеќе земји, меѓу кои: Обединети Арапски Емирати, Катар, Либан и Египет, а го основаа двајца Грци.

Неодамна овој старт – ап го прошири своето работење и на грчкиот пазар, вршејќи достава во делови од Солун.

Фото: Freepik