Грчките хотели ќе работат и ако се појави позитивен случај на Ковид-19

128

Ако во хотел или во туристички објект се појави позитивен случај на Ковид-19, хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави професорот епидемиолог, Никос Сипсас за грчката телевизија Скај.

“Ако имаме позитивен случај во хотел ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира“, објаснува професорот епидемиолог и додава дека нема целиот хотел да биде во карантин, пренесува МИА.

Паралелно, тој рече дека очекува да постојат увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни туристичките дестинации, но истакна дека ситуацијата ќе биде под контрола.

Во однос на вториот бран, оцени дека нема да биде во текот на летото, туку на есен.

Фото: Pixabay