Грчките острови отворени за туристи, од денеска сообраќаат траекти

79

Редовните линии на траектите до грчките острови од денеска почнаа повторно да сообраќаат, а отворени се и рестораните и баровите, во согласност со забрзаните напори на Грција за зачувување на туристичката сезона.

Патувањата на островите генерално беа забранети од крајот на март, а пристап имаа само добавувачите на стоки и локалните жители.

Отворањето на туристичката сезона беше планирано за 15 јуни, но бидејќи бројот на заразени беше мал, владата одлучи туристичката сезона да почне три недели порано.

Мерките за социјално дистанцирање и ограничен број на луѓе ќе мора да се почитуваат на траектите, рестораните, кафулињата, за да се спречи појава на нови случаи на зараза.

Одделенија за интензивна нега за пациенти заболени од коронавирус ќе бидат обезбедени на пет острови: Лезбос, Самос, Родос, Закинтос и Крф.

Фото:Pixabay