Грчките пристаништа повеќе не се на продажба

58

pirea

Грција повеќе не ја разгледува можноста за приватизација на најголемите пристаништа во земјата, во Пиреа и Солун, изјави портпаролот на грчката влада Габриел Сакеларидис во средата, јавува Ројтерс.

За пристаништата веќе имаше неколку сериозни понуди, но новата грчка влада ја откажа нивната продажба.

Кинеската компанија Cosco управува со двата контејнерски терминали во пристаништето во Пиреа и влезе во потесниот круг на потенцијални купувачи на 67% удел. Владата во Атина порачува дека не е против давање на концесија на кинеската компанија, туку само дека не сака да го продава пристаништето.