Сопствениците на ресторани и кафулиња во Грција побараа дополнителна владина помош заради зачувување на бројот на работни места и средства за егзистенција бидејќи кризата тешко влијаеше врз нивниот бизнис во услови на пандемија.
Грција е прилично зависна на туризмот и има околу 80.000 ресторани и кафулиња во коишто работат околу 350.000 луѓе. Во септември минатата година се затворени со цел да се спречи ширење на пандемијата и можат само да доставуваат храна и пијалаци.
Не очекуваат нормализирање на работата за скоро време посебно откако тамошниот премиер, Кирјакос Мицотакис нареди потполно затворање во Атина и околината поради зголемениот број на хоспитализации и нови потврдени случаи.
Фото: Freepik