
Војната на Блискиот Исток почнува да влијае на глобалниот туризам, менувајќи ги плановите на патниците и моделите на резервации за летото оваа година, додека некои европски дестинации бележат зголемување на интересот, а авиокомпаниите предупредуваат на повисоки цени на билетите.
На годишниот форум на Француската асоцијација на туристички оператори (SETO) во Тетуан, беше објавено дека до крајот на февруари, прогнозите за летната сезона на Блискиот Исток се оптимистички, со речиси 48 проценти од резервациите веќе реализирани, објави „Фигаро“, истакнувајќи дека медитеранските дестинации ја задржале својата популарност уште тогаш.
Пред почетокот на конфликтот, Шпанија остана најбараната европска дестинација со резервации зголемени за 1,7 проценти, пред Грција, која забележа пад од 1,8 проценти, и Италија, каде што интересот порасна за 3,6 проценти.











