Грција дава 100 милиони евра за нови фрижидери и клима уреди

Грчката влада издвои 100 милиони евра за нова програма чија цел е да им помогне на 200.000 домаќинства да ги заменат своите стари фрижидери, замрзнувачи и клима уреди со нови, енергетски поефикасни апарати, објави Катимерини.

Се очекува програмата да стапи на сила кон средината на годината, а
државата да покрива меѓу 30 и 50 отсто од вредноста на новите апарати, во зависност од приходот на домаќинството.

Министерот за енергетика и животна средина Костас Срекас рече дека програмата може да се прошири се додека има доволно интерес за неа.

Министерството проценува дека ќе бидат заменети 380.000 стари апарати. Тогаш секое домаќинство ќе троши околу 1.000 киловат часови електрична енергија помалку годишно, што е околу 20 отсто од просечната потрошувачка. Тие ќе заштедат 150-300 евра годишно од сметки.

На државно ниво ќе бидат потребни 209.000 мегават-часови помалку електрична енергија, што ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 126.000 тони годишно.

Нешто повеќе, земјата ќе увезува помалку природен гас и нафта, што се очекува да заштеди меѓу 15 и 27 милиони евра годишно.