Грција доби уште 728 милиони евра заеми преку програма на ЕУ

26

За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (SURE).

Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку нејзиниот Тwitter профил.
“Задоволство ми е да соопштам дека Грција  доби дополнителни 728 милиони евра во заеми преку SURE за финансирање на системот за скратено работно време и поддршка на вработените. Вкупно, Грција има добиено 2,7 милијарди евра“, напиша  Лајен на Тwitter.
Според грчките медиуми, станува збор за четвртата рата финансиска помош од конкретната програма.
Претседателката на ЕК, преку Тwitter исто така соопшти дека вкупно девет земји  добија транша од европската програма, а за секоја земја, Лајен напиша посебен твит, на јазикот на конкретната земја.
Фото: Pixabay