Грција ги пречека првите туристи од Германија

98

Првите туристи од Германија пристигнаа на грчкиот остров Крит, каде се чини дека новата туристичка сезона ќе почне многу порано пред закажаниот датум на 14-ти мај.

Локалните медиуми известуваат дека со авиони пристигнале стотина туристи од Германија. Првиот лет бил од компанијата EasyJet од Берлин со 57 патници.

Сите патници имале негативен тест на Ковид-19, стар не повеќе од 72 часа, како и пополнети обрасци за лоцирање на патници.

Грција бара сите патници да имаат пополнети обрасци за лоцирање еден ден пред влез и напуштање во земјата, пружајќи детални информации за тоа од каде доаѓаат, колку им траел претходниот престој во други земји и адреси на коишто ќе бидат сместени додека се во Грција.

Фото: Pexels