Поради штедење привремено се укинуваат државната телевизија и радио, соопшти грчката влада, додавајќи дека на овој чекор се одлучила затоа што јавните медиуми имале проблем со транспарентноста и дека “претерувале во трошоците”.
“ЕРТ е случај на исклучителен недостаток на транспарентност и неверојатно претерување. Со оваа одлука му дојде крај на тоа”, изјави портпаролот на владата Симос Кедикоглу и додаде дека грчката телевизија била “рај на трошењето”.
Кедикоглу објасни дека медиумите ќе бидат повторно отворени кога ќе има услови за тоа и дека ќе бидат во нов формат. Не се знае колку од досегашните 2.600 вработени ќе бидат вратени на работа.
Како што јавува Ројтерс, телевизијата ја чини државата околу 300 милиони евра годишно.