Грција и Италија се плашат од одлуката на ЕЦБ

70

Eвропската централна банка (ЕЦБ) не направи промени во монетарната политика. Претседателката Кристин Лагард верува дека уште е долг патот до стабилно закрепнување и дека за расправа за намалување на активностите е уште рано.

Се очекува каматите да останат на нула, каде што беа пет години, барем до следната година, што е лоша вест за штедачите. Банките често трошоците од негативните каматни стапки на депозитите ги префрлаат на штедачите.

Се поставува прашањето што ќе се случи со програмата на ЕЦБ за откуп на обврзници. Откупот ќе биде поголем во тековното тримесечје одошто во првите три месеци од годината, веќе на состанокот на ЕЦБ во јуни би можело да се донесе одлука во третото тримесечје да се почне со намалување на купувањето. За најзадолжените земји во Европа, како што се Грција и Италија тоа се лоши вести.

Во овој момент може да се задолжуваат со голема леснотија, дури и за 10-годишните грчки обврзници, потребен е принос под 1%.

Фото: Pexels