Грција ќе добие четири милијарди евра помош

18

evraМинистрите за финансии на 17 држави членки на еврозоната се договорија во следните неколку недели на Грција да и се исплатат четири милијарди евра во рамки на програмата за финансиска помош на оваа земја. Од тој износ, 2,5 милијарди евра ќе бидат обезбедени од европскиот кризен фонд, а 1,5 милијарди евра од европските централни банки.

Министрите за финансии одлуката ја донесоа откако Тројката (ЕУ, Европска централна банка и ММФ) им претстави поволен извештај дека Грција ги исполнува условите за исплата на следната транша.
Во октомври би требало ЕУ да одобри уште една милијарда евра, а ММФ дополнителни 1,8 милијарди евра под услов Грција да ги исполни обврските што ги преземала.

Од грчката влада се бараат кратења во јавниот сектор, меѓу другото до крајот на годината да се укинат уште 4.000 работни места.