Грција ќе ги добие парите од ЕУ

24

Атина ќе добие 34,3 милијарди евра во наредните денови, одобрија министрите за финансии од еврозоната. За Грција ќе бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош. Првата транша ќе ја добие сега, а останатиот дел во првото тримесечје на 2013 година.

Претседателот на еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави дека не е сигурно дали ќе бидат неопходни дополнителни мерки, за да се постигне целта да биде намален долгот на Грција до 124% БДП до 2020 година, но дека монетарната унија е подготвена да преземе нови чекори, доколку е неопходно.

“Денешната одлука на еврогрупата бележи крај на многу долги месеци несигурност на Грција”, истакна еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Оли Рен.