Грција ќе закрепне од рецесијата во вториот квартал

32

Рецесијата, што преовладува во грчката економија во теот на 2020 година, ќе продолжи и во првиот квартал од тековната година, покажува прогнозата на Центарот за планирање и економски истражувања.

Во анализата се проценува пад на грчкиот бруто домашен производ во второто полугодие од минатата година на 12,8%, а на нио на цела година за 9,9%.

Проценките се засновани на официјалните прелиминарни статистички деветмесечни податоци, како и на база на проценетиот економски пад од 14% во четвртиот квартал од 2020 година.

За првата половина од оваа година, се предвидува пад на БДП од -3,7%, при што се прогнозира дека во првиот квартал Грција ќе има пад од 10,4%, а потоа раст во следниот квартал од 3%.

Фото: Freepik