Грција на врвот во регионот по бројот на милионери

21

И покрај економската криза, Грција и понатаму е балканската држава со најголем број милионери со богатство од повеќе од 30 милиони американски долари (23,2 милиони евра), според неодамнешната студија на истражувачкото претпријатие Велт икс. Земјата се рангираше на 20-тото место на листата од 45 европски земји.

Следни се Хрватскa на 23-тото место, Романијa на 26-тото место и Србијa на 29-тото место. Aлбанијa е 37-ма, по што следи Словенијa, Кипар и Бугаријa, кои го делат 38-мото место. Maкедонијa и Црна Гора се на 41-вото, односно 42-рото место.