Грција очекува 650 милиони евра од наплатата на даноците за екстра добивка

65

Грција очекува да инкасира околу 650 милиони евра оваа фискална година од наплатата на даноците од екстра профит на нејзините две рафинерии за нафта.

Приходите државата ќе ги користи за помош на домаќинствата, најави денеска министерот за финансии Христор Стаикурас.

„Ќе го оданочиме профитот на рафинериите за 2022 година за да собереме, како што проценуваме, 650 милиони евра“, изјави министерот Стаикурас за државната телевизија ЕРТ, пренесува Ројтерс.

Премиерот Киријакос Мицотакис за време на парламентарното гласање за буџетот за 2023 година во саботата рече дека неговата влада, чиј мандат истекува следната година, ќе субвенционира 10 отсто од месечните трошоци за храна за околу 85 отсто од грчките домаќинства од февруари до јули следната година.

Земјите ширум Европската унија најавуваат данок на дополнителниот профит на нафтените и гасните компании како дел од вонредните мерки за да им помогнат на потрошувачите да се справат со двојниот удар на инфлацијата и енергетската криза.