Грција: Парите одземени од криминални активности ќе одат за најсиромашните

18

grcijaПарите одземени од криминални активности, Грција ќе ги инвестира во здравството и образованието. Заменик министерот за финансии, Христос Стајкурас, изјави дека 17,6 милиони евра ќе бидат издвоени на новоформирана сметка, кои, меѓу останатото, ќе бидат искористени за обуки на слепи лица, за сместување на финансиски загриозени студенти и операции на невработени луѓе кои останале без здравствено осигурување, јавува АП.

Поради финансиската криза во земјата, повеќе јавно финансирани социјални програми се затворени или скратени, додека илјадници невработени Грци останаа без здравствено осигурување.