Грција планира да ја укине еднонеделната изолација за туристи од ЕУ

27

Грција во понеделник планира да ја укине еднонеделната изолација за туристи од Европската унија, ако имаат негативен ПЦР тест или се вакцинирани.

Владиниот план треба да го одобрат епидемиолози на крајот на оваа недела.

Патниците мора да бидат целосно вакцинирани или мора да покажат негативен ПЦР тест, а дел од патниците да бидат тестирани. Во Грција туриститите мора да се придржува кон епидемиолошките мерки, вклучително и задолжителното носење на маски на отворено.

Атина првично планирала да прогласи почеток на туристичката сезона на 14-ти април и така да ја укинат обврската за изолација.

Задолжителната изолација ќе биде укината и за патниците од Израел, САД, Велика Британија, Србија и Обединетите Арапски Емирати.

Фото: Pexels