Грција подготви план за добивање гас од други земји

Грција подготви планови за набавка на дополнителни количини природен гас преку други транзитни канали со цел да се избегне потенцијален прекин во снабдувањето со руски гас поради зголемените тензии во Украина, изјави денеска портпаролот на грчката влада Јанис Оиконому. Подготвивме мерки за дополнително снабдување со течен природен гас и природен гас“, изјави Оиконому за државната телевизија.

Тој додаде дека Грција ќе се обиде да добие што е можно повеќе гас преку гасоводот што оди од Азербејџан до Италија.

Грција увезува 40 отсто од гасот од Русија, а има договори и со Азербејџан и Алжир.

Покрај Алжир, Египет и Нигерија исто така би можеле да обезбедат дополнителен течен природен гас за Грција, изјави за Ројтерс неименуван извор запознаен со плановите на Атина, пренесе Танјуг.