Грција продолжува со предвременото враќање на кредитите на ММФ

65

Грција започна постапка за враќање на 3,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави министерот за финансии, Кристос Стаикурас.

Тој рече дека станува збор за предвремено отплаќање на заемите чиј рок за исплата истекува во 2021 и 2022 година. Грција на тој начин отплати делови од долгот кон ММФ од ноември 2009 година.

Земјата, со најавеното ново отплаќање, ќе врати 80% од заемите кон ММФ.

Грција пред скоро две години излезе од осумгодишната меѓународна програма за време на која спроведе кратења во потрошувачката и ги зголеми даноците за да ги исполни критериумите за добивање на заемите.

Нејзината финансиска криза доведе до огромна невработеност и голем пад на економската активност.

Фото: Freepik