Грција: Работниците кои биле во карантин ќе мора да ги надоместат работните саати

203

Вработените во Грција кои се во карантин поради коронавирусот и не се во можност да работат од дома ќе треба да работат и до дополнителни три часа на ден по враќањето на работа за да го надополнат изгубеното време, според одредбата што треба да се најде во новото законско решение.

Според порталот Еkathimerini, вработените кои се во карантин седум или 14 дена, како што налага Националната организација за јавно здравје, ќе земаат плата, а работодавачот ќе ги покрие и придонесите за социјално осигурување.

Сепак, на крајот на присилното отсуство од работа, вработените ќе мора да ја надоместат загубата на работното време работејќи и до дополнителни три часа на ден.

Дополнителната работа нема да биде наградена како прекувремена работа, но мора да се почитуваат релевантните одредби од законот за работни односи со кои се ограничува работното време. Според Министерството за труд, новото правило е дел од пакетот итни мерки за пазарот на трудот, кој е загрозен од коронавирусот.

Друга одредба од нацрт-законот се однесува на отсуство на вработени родители кои ќе се заразат со коронавирусот. Трошоците за отсуството ќе бидат кофинансирани од работодавачот и државата. Ќе биде потребено лекарско уверение за да се утврди колку долго треба да трае тоа отсуство.

Фото: Freepik