Грција: Спречени над 4.500 лица да се качат на брод

47

Над 4.500 лица биле спречени да се качат на брод кон нивната дестинација од атинското пристаниште Пиреас, поради недостиг или нецелосни документи за Ковид-19, соопшти министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.

“Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица“, рече Плакиотакис.