Грција во сабота ги отвора плажите, но под строго контролирани услови

1514

Грчките власти, врз основа на епидемиолошки податоци и препораки на Одборот за сузбивање на заразни болести, одлучија да отворат 515 организирани плажи низ целата земја во сабота, 16-ти мај, на кои досега пристапот беше забранет поради пандемијата.

Посетите на обични, неорганизирани, “диви“ плажи сепак ќе биде забранети.

Плажите ќе работат под одредени правила и прописи. Максимален број на посетители е 40 лица на 1.000 метри квадратни, четири метри растојание меѓу чадорите, по две лежалки на секој чадор на растојание од еден и пол метар.

Лежалките по заминувањето на секој гостин ќе бидат дезинфицирани, а персоналот мора да носи заштитна маска.

Рестораните и баровите на плажите нема да служат храна на маса, туку ќе продаваат спакувана храна за носење.

На плажите се забранети алкохолни пијалаци, а плажите ќе примаат гости од осум часот.

Фото: Pixabay