Грција започна да ги наплатува пластичните кеси

38

kesa

Фото: Pixabay

Грчката влада од први јануари воведе еко – данок од четири центи за секоја пластична кеса со цел да се намали употребата на пластични кеси коишто ја загадуваат животната средина, пишува Greekreporter.

Според извештајот на грчкото Министерство за животна средина, пластичните кеси се користат двојно повеќе од просекот во Европа. Пластичните кеси сочинуваат половина од отпадот во грчките води.

“Пластичната кеса мора да се отстрани од нашата вообичаена потрошувачка. Ние сакаме да го промениме однесувањето на потрошувачите така што тие како граѓани ќе ги разберат последиците за животната средина“, вели заменик – министерот за животна средина и енергија, Сократ Фамелос.

Атина има за цел да ја намали употребата на пластични кеси по лице за 75% до крајот на 2020 година и за 90% до 2025 година, според директивите на ЕУ за 2015 година. Во случај на неуспех на оваа мерка од 2020 година пластичните кеси ќе бидат забранети.