Грција ги затвора граничните премини за влез од Македонија, преку Меџитлија и Стар Дојран, според новите протоколи на грчката влада за заострување на рестриктивните мерки поради Ковид-19.
До македонските власти доставено е известување дека премините ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај од денеска на полноќ до вторник (4 август).
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го направат на грчкиот граничен премин Евзони, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.