Грците преземаа хрватска нафтена компанија

106

Грчката компанија Coral во средата објави дека постигнала договор за преземање на 75 % од акциите на Apios, дистрибутер на нафта во Хрватска.

Apios е основан во 2009 година, има удел од околу 3% на хрватскиот пазар, има 26 бензински пумпи и има голем ангажман во трговијата на големо со нафтени производи.

Со аквизицијата Apios ќе го смени името во Coral Croatia, додека брендот Apios ќе биде заменет со брендот Shell, еден од водечките светски брендови.

Coral е основана во 1926 година под името Shell Hellas, а името Coral го доби во 2010 година, кога го презеде една од најголемите грчки деловни групи, Motor Oil Hellas.

 

Фото: Facebook