Greyp Bikes на Мате Римац нуди дигитални акционерски токени

42

Компанијата Greyp Bikes, основана во 2013 година преку одвојување од компанијата Rimac Automobili, започнува продажба на дигитални акционерки токени (equity token offering – ETO). Во кампањата, заинтересираните инвеститори за минимален износ од 100 евра ќе можат да купат токени и така да станат акционери, со што ќе стекнат право на глас во управување со компанијата и исплата на дивиденда, информира Tockanai.hr.

Кампањата започнува денеска во 12 часот, а ќе се води преку платформата Neufund, којашто неодамна доби одобрение за работи од надлежната регулаторна агенција во Лихтенштајн. Greyp Bikes ќе биде првата компанија што ќе започне ЕТО на оваа платформа.

Берлинскиот старт – ап Neufund е основан во 2016-та година со цел да “овозможи финансирање за сите“. За да го постигне тоа, компанијата го токенизира капиталот, користејќи blockchain технологија и на тој начин им овозможува на стартапите, како и на малите и средни компании да добијат пристап до изворите на финансирање со пониски трошоци, во споредба со традиционалните модели за финансирање.

Процедурата предвидува потенцијалните инвеститори прво да се пријават на платформата и така да покажат интерес за купување токени без обврска. По предбележувањето (whitelisting) започнува предпродажбата со пријавените инвеститори со попуст од 10%. Ако не се продадат сите токени, започнува јавна понуда, односно втор круг во којшто токените може да ги купуваат сите.

Greyp Bikes преку кампањата планира да собере пет милиони евра. Еден токен чини 0,16187 евра, а милиони токени претставуваат една акција. Тоа значи дека се расположливи 30 акции по цена од 161.870 евра, а минималниот износ за инвестирање е 100 евра.

Фото: Facebook