Grouper.mk: Најдобрата празнична понуда од B – Watch продаде 2.000 купони за една недела

82

grouper_zdelka_b_watch

Оваа година лидерот во е – трговија, Grouper.mk ги сруши сите рекорди во онлајн продажба во земјава со својата Black Friday & Cyber Monday акција, преку која продадоа 20.000 купони за четири дена. Веднаш по завршувањето на оваа акција ја објавија Најдобрата празнична понуда во соработка со B-Watch, којашто понуди 50% попуст на часовници и преку која за само седум дена беа продадени 2.000 купони за часовници.

”Нашата Black Friday приказна започна пред три години кога прв пат ја спакувавме акцијата и покажавме што значи луд попуст. Втората година (2015г.) со поголемо искуство, адреналин и пасија обезбедивме над 150 зделки од кои беа продадени над 9.000 купони за 24 часа, од страна на 3.000 брзи групери кои ги искористија лудите попусти. Оваа година ја имавме најголемата Black Friday & Cyber Monday акција со која ги надминавме сите рекорди до сега во онлајн продажбата. Понудивме над 600 зделки со попусти до 97% за најразлични услуги, патувања и производи преку кои беа купени дури 20.000 купони од страна на над 5.000 корисници. Имавме рекордни 200.000 посети за време на акцијата. Речиси 40% од продадените купони беа купени преку Grouper мобилната апликација, којашто нуди бројни предности за корисниците”, вели Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk.

Во однос на почетокот на соработката со B – Watch веднаш по Black Friday, oд Grouper посочуваат дека Grouper е моќна алатка за секоја компанија, а кога два силни бренда ќе се спојат се случува идеална синергија. Соработката со B – Watch започна на први декември со објавување на Најдобрата празнична понуда, која на купувачите им нуди 50% попуст на сите часовници овозможувајќи им квалитетни часовници од светски брендови со големи заштеди.

“Тајмингот за лансирање на оваа заедничка кампања е идеален со оглед на тоа што се празници кога сите бараме совршени податоци за нашите сакани, или пак идеална награда за себе за годината која поминала. Бидејќи часовник е практичен и безвременски подарок за секого и со оглед на тоа што го нудиме најголемиот попуст на часовници кој корисниците може да го добијат било каде, кампањата ја именувавме – Најдобрата празнична понуда”, велат од Grouper и B – Watch.

Акцијата првично беше предвидено да трае до 15-ти декември, но поради огромниот интерес и продажби, компаниите ја продолжуваат акцијата, а веќе се очекуваат да пристигнат и нови количини часовници, особено од најпродаваните брендови Casio и Obaku за да ги задоволат сите желби и вкусови.