Grouper.mk со награда за Најдобар сајт за 2018 година во Македонија

53

На доделување на наградите на манифестацијата Сајт на годината, Grouper.mk беше избран за Најдобар сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата.

Grouper.mk беше и најнаградуваниот сајт, кој покрај главната награда освои уште четир други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (трето место); Најдобар корпоративен сајт (второ место); Најдобра мобилна апликација (второ место) и Најдобар мобилен сајт.

Како лидер во е-трговијата во Македонија, Grouper веќе осум години ја гради својата успешна приказна со повеќе од 200.000 регистрирани корисници и над 850.000 продадени купони, препознатлив по најдобрите зделки и уникатните промотивни тематски кампањи.

Креативниот тим од 18 млади ентузијасти, кој работи со љубов и пасија, велат дека ова признание е уште поголем мотив за прифаќање на новите предизвици и лансирање на нови проекти во годината која следи.

“Наградите и признанијата се производ на добрата работа, но не и главната цел. Признанието да се биде ’најдобар’ носи прекрасни емоции на победа, адреналин, допамин, возбуда, но носи и голема одговорност со себе, да се биде пример на кој другите може да се угледаат. Е-трговијата ја променивме и ќе продолжиме да ја менуваме заедно со сите вас. Прогресот не е лесен ама секогаш е енергичен. Изминатава година беше многу турбулентна за нас, ама ова признание ќе ни биде потсетник дека нашиот труд и напорна работа биле препознаени и валоризирани. Ова признание е заедничко. Вие, нашите корисници, соработници, пријатели и поддржувачи сте нашите победници. Без сите вас Grouper.mk немаше да биде најдобриот сајт во Македонија“, вели Нина Ангеловска, ко-сопственик на Grouper во Отвореното писмо до нивните корисници, соработници и пријатели.

Како што велат од Grouper, ова се признанија и награди за целата Grouper заедница, со посебна благодарност до корисниците и соработниците, без кои како што велат идеите и иницијативите не би биле реализирани. Целиот текст од отвореното писмо може да го прочитате тука.