Grow – еколошка ламба од печурки

59

32ab668943bedc97fb59335f4ac4fabe_original

Фото: Kickstarter

Еко – дизајнерката Даниел Трофе и Ecovative, компанија од Бруклин, креираа иновативен дизајн – лампа од печурки. Grow е уникатен еколошки изум за којшто не е потребно некое предзнаење или специјална подготовка.

Сите материјали, алати и инструкции се вклучени во пакетот којшто содржи кеса со мицелиум (корен од печурки), калап за формирање на ламбата, сет за осветлување и подлога од дрво. Откако ќе се стави мицелиумот во калапот, потребно е да се додаде малку вода и брашно за истиот да почне да расте. Потоа се пече во рерна со цел да се зацврсти и еко – ламбата е спремна за користење.

Ecovative постои веќе 10 години, а нивна цел е креирање на дизајни со максимално користење на алатите од природата, наместо употреба на токсични материјали.

Производот има и своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter каде што досега имаат собрано над 7.700 од првично побараните 22.500 долари. Кампањата трае уште 28 дена.