Growroom – урбана земјоделска фарма

41

Space-10-Mads-Ulrik-Husum-Sine-Lindholm-Growroom-10-1580x549Space10 и данските архитектите Мадс Улрик Хусум и Сине Линдхолм креираа иновативна земјоделска фарма на катови со цел да ја донесат природата во градовите, пишува Inhabitat.

Како што се зголемува популацијата, побарувачката за храна расте, а моменталните начини на производство не се одржливи. Лабораторијата Space10 сака да го потенцира овој проблем со креативно решение како Growroom.

Space-10-Mads-Ulrik-Husum-Sine-Lindholm-Growroom-12-1020x610

За прв пат фармата беше прикажана на CHART ART FAIR, саем во Копенхаген каде беа прикажани креативни дизајни од Нордискиот регион. Growroom има задача да ги поттикне луѓето да размислуваат како да се донесе природата назад во градовите, како самите да произведуваме храна и да ја задоволиме зголемената побарувачка.

Целата фарма е полна со зеленчук, тревки и други растенија што можат да се јадат, а во средината на градбата има место да седнете и да се релаксирате. Според Space10, оваа еко-фарма може да нè снабди со свежа, сезонска и квалитетна храна и во иднина да стане дел од секој град каде истовремено ќе придонесува за животната средина и зголемување на свесноста кај луѓето.