Грст цреши за подобар сон, концентрација, очи, кожа…

182

cresi-pixabay

Фото: Pixabay

Црешите претставуваат едно од најпосакуваните сезонски овошја, коишто привлекуваат со нивната боја и вкус. Но, освен тоа постојат уште неколку причини зошто треба црешите да се најдат на нашето дневно мени.

Ова овошје е богато со природен шеќер и го поттикнува нивото на енергија во организмот, но и расположението. Доколку сте депресивни и изморени, наместо чоколадо изедете неколку цреши.

Доколку имате проблеми со сонот, еден грст цреши може да го реши тоа. Црешите се богати со мелатонин, па наместо да пиете апчиња, во овој период кога црешите ги има во изобилие искористете ги за подобар сон.

Црешите се здрави и за очите и кожата, а содржат 20 пати повеќе витамин А од јагодите и боровинките.

Бидејќи се богати со антиоксиданси, црешите го забавуваат стареењето, го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го подобруваат системот за варење.

Ако имате тешки работни задачи за кои е потребна огромна концентрација, црешите се одлични за тоа бидејќи ги поттикнуваат менталните функции во човечкиот организам.