Грција економски закрепнува, но трошоците за живот секојдневно растат

26

Грција ги надмина повеќето европски економии во последните години, но граѓаните не можат да си дозволат некои основни работи.

Високиот раст, намалувањето на долгот и зголемените инвестиции придонесоа Грција да ги надмине повеќето европски земји.

„Постојат добри причини грчката економија да ја надмине еврозоната во следните 3-5 години“, изјави главниот економист на Еуробанк, Тасос Анастасатос.

Грчкиот БДП порасна за 8,4 отсто во 2021 година и 5,2 отсто во четвртиот квартал од 2022 година.

Бројките се зголемуваат во Грција, но како што често се случува во економијата, ситуацијата на терен е сосема поинаква.

Реалните плати, или номиналните плати по одбивањето на инфлацијата, не тргнаа по сличен пат. Инфлацијата во Грција во 2022 година изнесува 9,3 отсто. Оваа состојба влијае и на пазарот на трудот.

Сè поголем број работодавци велат дека им е тешко да вработат персонал бидејќи работниците сметаат дека платите не се доволно високи. Илјадници работни места се слободни во критичните сектори за грчката економија како што се прехранбените услуги, туризмот и градежништвото.

Невработеноста во Грција во 2022 година изнесуваше 11 отсто, пишува Klix.ba.

Во исто време, грчките потрошувачи се принудени да го намалат купувањето на основните производи за да се справат со бранот континуирани поскапувања.