Грција ја зголемува минималната плата на 830 евра

15

Грција ќе ја зголеми месечната минимална бруто-плата за 6,4 отсто на 830 евра, објави во петокот конзервативната влада, што е четврто такво зголемување во последните пет години, со цел да се олесни товарот на домаќинствата притиснати од повисоките трошоци за живот.

Зголемувањето, кое нашироко се очекуваше, ќе им користи на стотици илјади работници, рече владата, која го преживеа гласањето за недоверба во четвртокот.

Месечната минимална плата беше зголемена за 9,4 отсто на 780 евра во април 2023 година.