Групацијата Allianz со добри резултати за 2019 година

31

Групацијата Allianz постигна добри резултати во однос на приходите, оперативната добивка и нето приходот и покрај понатамошните падови на каматните стапки. Растот на внатрешниот приход, прилагоден на ефектите од девизниот курс и консолидацијата изнесувал 5,9%, благодарение на сите деловни сегменти. Вкупните приходи скокнале за 7,6% на 142,4 милијарди евра (споредено со 132,3 милијарди евра претходната година).

Во исто време, оперативната добивка се зголемила за 3% на 11,9 милијарди евра (во однос на 11,5 милијарди евра претходната година), што е близу до горната граница на целната палета од 11 до 12 милијарди евра, информираат од групацијата.

Растот на добивката во работењето, првенствено е резултат на сегментот на животно и здравствено осигурување и повисоките маргини за инвестиции, позитивната еднократна добивка во САД и зголемениот број полиси.

Сегментот за управување со активата, исто така, бележи силен раст на оперативната добивка, благодарение на повисоките просечни средства на клиентите под управување и поволните ефекти од конверзијата на валутата.

Од друга страна, неживотниот сегмент негативно се одрази со послаб резултат, како резултат на зголемувањето на резервите, но и пониските приходи од работењето. Ова беше делумно компензирано со подобар сооднос на трошоците.

“Нето приходот за акционерите се зголемил за 6,1% на 7,9 милијарди евра (споредено со 7,5 милијарди евра пријавени една година порано), главно заради повисоката оперативна добивка и и пониската даночна стапка“, стои во соопштението до јавноста и до акционерите на Allianz.

Фото: Facebook