Групацијата Nestlé ја заврши аквизицијата на компанијата Pfizer Nutrition

41

Групацијата Nestlé ја заврши аквизицијата на Pfizer Nutrition, компанија вредна 11,85 милијарди долари. Процесот на интеграција вклучува трансфер на 4.500 вработени од компанијата Pfizer Nutrition во Nestlé. Аквизицијата ќе го унапреди работењето на компанијата Nestlé во одделот на производство на детска храна, насоченo на раст, глобално присуство и позиција на лидер во истражувањата и развојот.

Силните брендови, широкиот асортиман на производи, талентираните вработени кои се посветени на успех во работењето, како и географското присуство на компанијата Pfizer Nutrition, која остварува 85% продажба на пазарите во развој, се одлики кои целосно одговараат на компанијата Nestlé во сегментот на детска храна.

Pfizer Nutrition е динамична компанија која го надополнува постоечкиот асортиман на силни брендови на Групацијата Nestlé во клучните сегменти и региони. Аквизицијата исто така ќе овозможи комбинирање на постоечките брендови на Pfizer, како што се S-26 Gold, SMA и Promil со постојниот асортиман на успешните брендови на Nestlé, како Nan, Gerber, Lactogen, Nestogen и Cerelac житата за бебиња, кои ја имаат довербата кај потрошувачите.