ГТЦ ќе исплаќа дивиденда на акционерите до 30 септември

63

gtc

Акционерското друштво за издавање деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ) најдоцна до 30 септември ќе ја исплати дивидендата, стои во одлуката за распределба на добивката, објавена на Македонска берза.

Компанијата го утврди износот од 1.835.550 денари за исплата на дивиденда за минатата година. Во тој износ е содржан данокот од добивка.

Исплатата на дивиденда, како што стои во одлуката, ќе се изврши по пресметан и уплатен данок на дивиденда сразмерно на бројот на акции што ги поседуваат акционерите.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2013 година е 02.07.2014, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.07.2014 година. Датму на стекнување на право на дивиденда е 07.07.2014 година.