ГТЦ со загуба од 5,8 милиони денари

98

Градски трговски центар (ГТЦ), во првото полугодие од оваа година, прикажа загуба од 5.823.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период јануари – јуни лани, компанијата оствари добивка од 6.325.000 денари.

 

“Во шестмесечното работење во 2020 година, компанијата оствари вкупни приходи од 93.540.000 денари, коишто се помали за 12% во однос на претходната 2019 година, а вкупните трошоци изнесуваат 99.363.000 денари, коишто се за 2% поголеми во однос на претходната 2019 година. Остварен е негативен финансиски резултат во бруто износ од 5.823.000 денари“, стои во Образложението на финансискиот резултат.