ГТЦ во првите шест месеци оствари добивка од над 24 милиони денари

73

GTC 1

Акционерското друштво Градски трговски центар Скопје во период од 01.01. до 30.06.2015 година работеше со добивка од 24.034.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Првото полугодие лани, ГТЦ прикажа вкупна сеопфатна добивка од 16.826.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период се во висина од 105.332.000 денари, додека во истиот период лани тие беа на ниво од 106.674.000 денари.