ГТЦ за три месеци оствари загуба од над два милиони денари

51

Градски трговски центар (ГТЦ) во првите три месеци од оваа година оствари загуба во висина од 2.025.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – март лани, компанијата работеше со добивка што достигна 5.451.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно 31-ви март оваа година изнесуваа 51.728.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 53.474.000 денари.

Основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.