Губитници и добитници од пандемијата

92

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека светската економија оваа година ќе забележи пад од 3% поради пандемијата од коронавирусот. Рестриктивните мерки што ги преземаат владите за да спречат ширење на вирусот, ќе поттикнат поголема рецесија од Големата депресија, е констатација на Гита Гопинат, главен економист на ММФ.

Т-портал направи листа на петте “губитници“ и добитници од пандемијата:

Губитници

Туризам и угостителство

Во овој сегмент најмногу последици трпат претприемачи кои даваат услуги за сместување. На хотелиерите и сопствениците на апартмани им се загрозени приходите поради ограничување на патувањата и масовно откажување на аранжманите. Светската туристичка организација очекува поради пандемијата бројот на патувања оваа година да се намали за 20 до 30% во однос на рекордната 2019 година, што ќе доведе до намалување на приходите од 300 до 450 милијарди долари.

Проблеми имаат и сопствениците на кафулиња, коишто не работат поради одлука на државните власти. Во малку подобра позиција се угостителите кои подготвуваат храна поради можноста за достава до дома.

Услужни дејности

Најтешки последици од оваа дејност трпат претприемачите кои подразбираат директен контакт со потрошувачите и групни активности. На пример, физички и козметички салони, теретани и спортски активности.

Откако ќе заврши пандемијата, овој вид на услуги брзо ќе се вратат во нормала, а они кои вклучуваат повеќе лица на едно место, уште некое време ќе ги трпат последиците поради ограничувањата.

Патнички превоз

Мерки за ограничено движење доведоа до ограничување на патничкиот превоз. Негативните последици превозниците ќе ги трпат уште долго време, бидејќи многу рестрикции ќе останат на сила и по завршување на пандемијата.

Класични продавници

Откако започна пандемијата, поголемиот број на трговци со непрехранбени производи, беа принудени да ги затворат своите продавници, а трговците со храна да го ограничат работното време. Трговците на специјализирани производи што развија онлајн продажни канали донекаде го ублажија падот на приходите, додека оние кои заостануваат во дигитализација останале без приходи.

Автомобилска индустрија

Во време на економска криза, потрошувачите се откажуваат или го одложуваат купувањето на трајни производи со поголема вредност, а меѓу првите се секако автомобилите. Поради тоа, автомобилската индустрија прва ги почувствува последиците од пандемијата. Актуелните податоци од здруженијата на европски производители на автомобили покажуваат дека во март е преполовена продажбата за нови автомобили во Европа. Во 26 земји од Европската унија, продажбата е намалена за % во однос на претходниот месец.

Добитници

Онлајн трговија

Онлајн трговијата е апсолутен победник во оваа криза. За тоа сведочи и американски Amazon, бидејќи поради огромниот раст на побарувачката отвори 100.000 работни места. Во услови на ограничено движење и затворени продавници, луѓето порачуваат некои артикли преку интернет.

Логистички услуги

Огромниот раст на онлајн трговијата во исто време ја зголеми и потребата за складирање на производите, особено за прехранбените продукти, средства за хигиена и електронски и апарати за домаќинство. Корист од онлајн трговијата имаат и превозници и компании за достава.

Информатички услуги

Масовното работење од дома донесе многу повеќе работа за информатичките компании. Нивните експерти мора да обезбедат непречен начин на работа за многу компании. Побарувачката за информатички услуги е зголемена и од државата бидејќи дел од своите услуги морала забрзано да ги дигитализира.

Производство на медицински производи

Најголем раст бележи фармацевтската индустрија, производителите на средства за дезинфекција и заштитна опрема. Дури и компании од други дејности, коишто се соочија со намалена побарувачка, се преориентираа на производство на заштитни маски, респиратори и други производи неопходни за борбата против коронавирусот.

Производство на храна

Производителите на храна профитираа поради зголемената побарувачка што настана поради создавање на залихи, а дел поради зголемена потрошувачка во услови на изолација. Најголема корист имаат производители на основни производи, како што се брашно, шеќер и масло.

Фото: Pixabay