
Американската технолошка компанија „Епл“ го загуби еден од своите најважни експерти за вештачка интелигенција, Руоминг Панг, кој беше преземен од конкурентската компанија „Мета“.
Заминување што ќе се почувствува: „Епл“ остана без еден од своите главни AI експерти
Според извори на „Блумберг“, Мета го обезбедил доаѓањето на Панг со пакет вреден неколку десетици милиони долари годишно.
Во „Епл“, Панг го предводеше тимот за модел на основа на вештачка интелигенција (AFM), кој е клучен за развојот на системот за интелигенција на „Епл“.











