Gucci отвора бутици ширум светот за одбрана клиентела

54

Гучи очигледно ќе отвори серија нови приватни бутици ширум светот, до кои можат да пристапат само одбрани – најбогати – клиенти.

Бутиците се дел од стратегијата за раст на брендот, откако неговата продажба падна за четиринаесет проценти во последните три месеци од 2022 година поради Ковид-19 во Кина, што ја намали побарувачката за нејзините производи во Соединетите Американски Држави.

Со помош на овој нов план, Гучи сака да и овозможи поинтимно искуство на својата богата клиентела, нудејќи им ја само најскапата облека, мебел и накит, пренесува Luxlife.

Според претставниците на брендот, во бутиците нема да најдете работи поевтини од 40.000 долари, а највисоките цени можат да одат и до три милиони, особено кога станува збор за накит од висока класа. И додека некои од овие интимни салони ќе го најдат своето место во постоечките бутици на брендот, други ќе бидат сосема нови.