Модната компанија, Gucci, основана пред скоро еден век од италијански бизнисмен и моден дизајнер од Фиренца и една од најголемите во светот, слави 100 години постоење.
Компанијата е основана во 1921 година од Гучио Гучи, како компанија за производи од кожа. Компанијата “цветаше“ под раководство на неговиот син Алдо, кој го популаризираше брендот ширум светот.
Гучио Гучи дизајнираше многу класици кои сè уште се симбол на ретро елеганцијата.
Нивните модни додатоци како чевли и вратоврски, но и чанти со рачки од бамбус влегуваат во историјата на модата како некои од клучните елементи на добриот стил.
Логото е создадено во 60-тите и комбинира две букви G. Првиот парфем е лансиран во средината на 70-тите, под името No.1.
Во 90-те години, Том Форд ја презеде функцијата креативен директор, воведувајќи го брендот во нов, луксузен свет.
Фото: Facebook