Гудис го шири синџирот ресторани на македонскиот пазар  

49

FOTO_Goodys_2

За неполни шест месеци по влезот на македонскиот пазар, познатиот синџир ресторани со брза услуга Гудис бургер хаус (Goody’s Burger House) го отвори и вториот објект во Скопје, стои во соопштението.

Новиот Гудис бургер хаус се наоѓа на вториот кат на трговскиот центар Сити мол и веќе е подготвен да им понуди на љубителите на вкусната храна ново автентично искуство во опуштена атмосфера во којашто владее современа естетика.

“Среќни сме што наидуваме на одличен прием кај љубителите на вкусната храна во Македонија. Тоа нѐ охрабри да продолжиме со реализација на нашиот план за ширење на синџирот ресторани. Во новиот објект веќе отворивме дополнителни 20 работни места за млади луѓе од земјава, а во завршна фаза се и преговорите со локални добавувачи на суровини, со што придонесуваме и за развојот на локалната економија“, вели директорот на Гудис бургер хаус, Зоран Лојаница.

Главнината на менито на Гудис бургер хаус го сочинуваат повеќе видови бургери од 100% чисто говедско месо, како и сендвичи и скара од пилешко месо. Целокупната храна се подготвува од суровини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во свежа состојба и со одличен вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми.

Гудис бургер хаус по својот современ модел на функционирање и уникатните карактеристики се разликува од постојните класични сендвичарници. Тука гостите добиваат супериорна и брза услуга, а притоа сѐ е направено за да се чувствуваат како во ресторан од висока класа.

За севкупното високо ниво на искуството на гостите во ресторанот се грижи специјално обучен персонал со богато искуство, подготвен во секој момент да ги пречека сите гости, детално да им го објасни целокупното мени и да им помогне во изборот. За подготовка на храната се грижат вешти готвачи кои посетувале специјална обука за подготовка на ваков вид храна.