Компанијата за производство на гуми Z Tyre од Дубаи во соработка со светски познати златари од Италија развија специјален сет на гуми, пишува Wheels24.
Во уникатниот сет на гуми има 24-каратно злато и специјално одбрани дијаманти, а на нив работеле занаетчии кои учествувале во создавањето на претседателската палата во Абу Даби.
Луксузните гуми се продадени по цена од 600.000 долари, поради што се запишаа во Гинисовата книга на рекорди како – најскапиот сет на гуми за автомобили.
Целиот износ од 600.000 долари, компанијата ќе го донира во Фондација што се грижи за пристап до образование низ целиот свет.