Гутереш: Простување на долговите и на земјите во развој

25

Гeнералниот секретар на Организацијата на обединети нации (ООН), Антонио Гутереш, повика да им се простат долговите на земјите во развој, поради пандемијата од коронавирусот и побара од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да ја разгледа глобалната ликвидност користејќи ја валутата на специјалното право на влечење (Special Drawing Right (SDR).

SDR е единица за пресметка на ММФ и претставува побарувачка за валута, а се заснова на група на клучни меѓународни валути.

“Простувањето на долговите не може да биде ограничено на најмалку развиените земји. Мора да се прошири на сите земји во развој кои бараат да се одложи отплатата на долговите како резултат на губење на пристапот до финансиските пазари“, потенцира Гутереш.

Земјите во развој, кои веќе се во неволја поради зголемувањето на долговите, сега се соочуваат со рекорден пад на глобалната економија, паѓање на цената на нафтата и извозот на стоки и слабеење на локалните валути.

Падот на цената на нафтата веќе ги оптовари земјите со среден приход.

Групата 20, вклучително и Кина и Парискиот клуб на доверители, понудија во април да ги прекинат билатералните отплати на долг за 77 најсиромашни земји до крајот на годинава. Досега само 22 земји побараа одложено враќање на долгот.

Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа повикот на Гутереш до ММФ да ја разгледа употребата на SDR валутата.

Фото: Pixabay