H&M бележи неочекуван профит, отворени скоро сите продавници

48

Шведскиот ланец за облека, Hennes & Mauritz (H&M) соопшти дека неговото закрепнување од падот во малопродажбата поради пандемијата е подобро од очекуваното. Прелиминарните резултати покажуваат добивка пред оданочување од приближно 228 милиони долари во третиот фискален квартал.

Од модната компанија, којашто работи ширум светот, велат дека добро подготвени колекции, брзи и одлучни активности поврзани со Ковид-19 и строга контрола на трошоците, помогнале H&M да оствари профит, заклучно со 31 август.

H&M соопшти дека на почетокот на вториот квартал привремено биле затворени приближно 900 од над 5.000 продавници, но дека до крајот на тој период биле привремено затворени нешто повеќе од 200 продавници.

Фото: Facebook